Фудбал

КОНТЕ НЕ САКА ДА ТРЕНИРА „МРТВИ ИГРАЧИ“

Според многу италијански медиуми, Конте понудил оставка до Аурелио Де Лаурентис по поразот од Болоња со 2:0, на што следело голема кавга во соблекувалната на италијанскиот шампион.

Наполи го забележа петтиот пораз сезонава, трет во Серија А и два во Лигата на шампионите, а предводникот на „сините“ од Неапол по поразот имал огромна кавга со своите играчи, нарекувајќи ги „мртви“. Според Матео Морето од Скај Спорт, тој одржал состанок пред малку со раководството на клубот и му била дадена целосна поддршка. Неговата нервоза можеше да се забележи и на прес конференцијата по натпреварот.

Ако изгубите пет натпревари, тоа значи дека нешто не оди како што треба. Нешто треба да се направи, бидејќи не сакам да водам мртов човек, јас сум првиот што на крајот ќе ја преземе одговорноста. При првата негативна ситуација кога ќе можам, ќе разговарам и со клубот.

Според италијанските медиуми, Конте се противи на новите играчи кои се дел од тимот, пред се на Де Брујне и Хојлунд, кој ги смета за грешки. Тој тоа го посочи и во изјавата по натпреварот, не обвинувајќи директно на нив, но шпекулациите веќе се „гласни“ во Италија.

Според мене, девет нови играчи беа премногу. Немаме баланс. Секогаш велев дека оваа година ќе биде тешка, има некои работи за кои е потребно време.

Очигледно работите не се како што посакуваат во Неапол, но доброто е што претстои пауза за репрезентации која може да им помогне на играчите и стручниот штаб во враќање на формата.