Фудбал

ДАЛИ КЛУБ БРИЖ БЕШЕ ОШТЕТЕН ЗА ТРИ БОДА ПРОТИВ БАРСЕЛОНА? (ВИДЕО)

Клуб Бриж три пати водеше против Барселона, поведе и четврти пат во судиското продолжение, но судијата поради прекршок го поништи четвртиот гол кој веројатно ќе значеше победа и три бода за белгискиот аутсајдер.

Шчешни сакаше да го надмудри Верман од Клуб Бриж, но напаѓачот од домашната екипа итро се снајде и со лизгачки старт успеа да му ја одземе топката и да ја затресе мрежата. Сепак судијата Ентони Тејлер од Англија виде прекршок и по прегледувањето на ВАР снимката го поништи голот на домаќините.

Погледнете и оценете дали имаше прекршок за гостите.