ДЕ БРУЈНЕ СЕ ПОВРЕДИ НА ИЗВЕДУВАЊЕ ПЕНАЛ (ВИДЕО)
Објавено на: 25.10.2025
Наполи води против Интер со 1:0, со голот на Де Брујне од пенал, но веднаш по затресувањето на мрежата на Зомер, белгискиот ас се фати за задната ложа.
Тој мораше да го напушти веднаш натпреварот, а дека ситуацијата е навистина сериозна е фактот дека не можеше со помош на двајца од медицинскиот тим да стигне до клупата.
На Де Брујне очигледно не му оди против Интер, бидејќи и претходниот пат кога се сретна со нероаѕурите во финалето на Лигата на шампионите во Истанбул, мораше да го напушти теренот по повреда во првото полувреме.
Со оваа повреда се зголемува „листата“ на повредени кај Конте, на која се наоѓаат Лукаку, Лоботка и Хојлунд.