ЈОРГАНЏИИТЕ „ПЛАЧАТ“ ПРЕД УЕФА: АРСЕНАЛ НÈ ПРЕЧЕКА БЕЗ ТОПЛА ВОДА НА „ЕМИРАТИ“
Објавено на: 21.10.2025
Атлетико Мадрид вечерва гостува на „Емирати“ каде ќе се соочи со Арсенал во едно од дербијата во рамките од третото коло во Лигата на шампионите. Јорганџиите наидоа на проблеми при пристигнувањето во Лондон, што дури мораа да се пожалат на УЕФА за гостопримството на англискиот клуб.
Имено, фудбалерите на Атлетико по вчерашниот тренинг на стадионот немале топла вода за да се истушираат, наводно имало дефект на „Емирати“, па играчите дури откако се вратиле во хотелот ги обавиле хигиенските обврски. Целите испотени и нервозни, пријавиле кај нивниот делегат, а овој ја објаснил ситуацијата до претставниците на Арсенал како и Европската фудбалска куќа.
Се појавија шпекулации дека дефектот е намерно предизвикан од страна на домаќините, но дефинформациите брзо се средија, а Атлетико доби уверување дека проблемот ќе се реши до почетокот на вечерашната средба.