Фудбал

МАЈСТОРИЈАТА НА БАРДИ ПРЕТЕНДИРА ЗА НАЈУБАВ ПОГОДОК НА КОЛОТО ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ (ВИДЕО)

Жалиме што мајсторскиот погодок на капитенот Енис Барди од слободен удар беше само за израмнување на резултатот против Казахстан на 1-1, што се испостави да биде конечен на Националната арена во Скопје. Сепак, капитенот на Македонија веќе се навикна да биде меѓу кандидатите кои постигнале најубав гол во тековното квалификациско коло за Мундијалот 2026.

Така е и овојпат, генијалецот Барди повторно ги воодушеви во УЕФА, па неговата мајсторија се најде меѓу најдобро постигнатите погодоци во ова коло: