Фудбал

ПЕРЕС ОСТАНА САМ, СОНОТ МУ СЕ ПРЕТВОРА ВО КОШМАР

Флорентино Перес осамна во сонот европските гиганти да формираат Суперлига, откако Жоан Лапорта, претседателот на Барселона, се повлече од идејата да се формира посебно фудбалско натпреварување кое би се играло надвор од структурата на УЕФА и ФИФА.

Во изминатиот период Барселона ги подобри односите со УЕФА, особено на Каталонците им оди во прилог новиот формат на Лигата на шампионите преку кој стигнаа до поголема финансиска заработка, па клубот постепено се ги стабилизира финансиите иако уште има долгови за враќање. Иако Барса и Реал беа предводници на овој план кој се појави за време на пандемијата, се чини дека сонот на Перес осамна и се претвори во кошмар.

Првиот обид на најголемите европски клубови да формираат свое натпреварување не успеа уште во 2021 година, најмногу поради протестите на навивачите ширум Стариот континент, па иако клубовите гледаа огромен финансиски придонес од потенцијалната Суперлига, повеќето се откажаа од идејата.

Сега тоа го стори и Барселона, односно првиот човек на клубот Лапорта, па Суперлигата полека може да се прати во историјата како еден неостварен сон на Перес.