БОМБА ОД ПОРТУГАЛИЈА: МУРИЊО СЕДНУВА НА КЛУПАТА НА ЛУТИОТ РИВАЛ НА ПОРТО
Објавено на: 17.09.2025
Неочекуваниот пораз на Бенфика од Карабах со 2-3 вчеравечер на стартот од сезоната во ЛШ, ја натера управата на португалскиот гигант да го разреши Бруно Лаге од тренерската функција. Лисабонските Орли прокоцкаа предност од 2-0 и во финишот од средбата останаа без бодови, што беше пресудно за Лаге да остане без работа.
Иако овој потег делува помалку драстичен, уште повеќе изненадува изборот на нов тренер. Португалската редакција на „CNN“ тврди дека е постигнат договор со Жозе Мурињо да биде нов предводник на Бенфика, како прва опција од стратезите кои моментално се достапни на пазарот.
Мурињо во најбрзо можно време треба да биде претставен во најскоро време, а практично овој ангажман ќе биде и негов камбек на „Луж“, по дури 25 години. Жозе од септември до декември 2000 година ги водеше Орлите како негова прва работа во менаџерската кариера.
Во меѓувреме, потегот на Мурињо сигурно нема да се прифати позитивно во Порто, каде Специјалниот ги бележеше првите големи успеси како стратег. Интересно е што Мурињо го презема клубот кој практично му ја прекина соработката со Фенербахче, кога претходно летово Бенфика го елиминира турскиот гигант во плејофот за пласман во Лигата на шампионите.