Фудбал

ПРЕПОРОДУВАЊЕТО КОЕ НИКОЈ НЕ ГО ОЧЕКУВАШЕ: ГРИЛИШ Е ИГРАЧ НА МЕСЕЦОТ ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА

Џек Грилиш се препороди откако летово го напушти Манчестер сити и како позајмен играч заигра за Евертон. Во три настапи за Карамелите, од кои два ги почна како стартер, Грилиш забележа четири асистенции придонесувајќи за двете победи на тимот на Дејвид Мојс.

Овој учинок му обезбеди награда на Грилиш, што е ретка појава, а Премиер лигата го избра за најдобар фудбалер за август. Четирите асистенции кои Грилиш ги забележа во три настапи за Евертон, се двојно подобар негов учинок во Премиер лигата во однос на двете изминати сезони кои ги одигра во Сити.

Речиси никој не очекуваше дека Грилиш на ваков начин експресно ќе блесне на Мерсисајд…