СРАМОТА: ДОРТМУНД ИМ ЗАБРАНИ ПРИСТАП НА РОДИТЕЛИТЕ НА БЕЛИНГЕМ ОТКАКО СЕ ОБИДОА ФИЗИЧКИ ДА СЕ ПРЕСМЕТААТ СО ТРЕНЕРОТ КОВАЧ
Објавено на: 25.08.2025
Борусија Дортмунд во саботата ја почна сезоната со реми од 3-3 на гостувањето кај Сент Паули, иако тимот на Нико Ковач имаше водство од 3-1 до 85-тата минута. Домаќините се изборија за бод за да ја расипат премиерната победа на Милионерите, а по мечот се случила вистинска драма која ја потврдија и германски и англиски медиуми.
Имено, родителите на Џоб Белингем, помладиот брат на Џуд, по натпреварот го чекале Ковач во тунелот со намера физички да се пресметаат и да ургираат за нивниот син, кој го заврши настапот по првото полувреме.
Џоб му го отстапи местото на Нмеча во вториот дел, а таа тактичка одлука на Ковач не им се допаднала на Марк и Денис, родителите на младиот англиски играч за врска. Марк, неговиот татко и кариерен консултант, бил премногу лут и исфрустриран, по што побарал и состанок со управата на Дортмунд.
По овој испад, клубот одлучи да им забрани пристап на Марк и Денис во клупската соблекувална, како за домашните така и за гостинските натпревари.