Тенис

КОГА КРОКОДИЛОТ ЌЕ СТАНЕ КОЗА, ВО ЧЕСТ НА НАЈГОЛЕМИОТ (ВИДЕО)

Луксузниот бренд за облека „Лакост“, подготви посебна линија во чест на Новак Ѓоковиќ, нивното заштитно лице, за неговиот настап на Отвореното првенство во САД кое почна вчеравечер.

Посебна чест е еден голем бренд комплетно да го промени амблемот, но кога си најдобриот тенисер на сите времиња, сè е возможно. Лакост го смени претпознатливиот крокодил со коза, како синоним за GOAT (Greatest Of All Time) потенцирајќи дека Ѓоковиќ е најуспешен тенисер во историјата на спортот.