РОМА И ЛАЈПЦИГ ВО ПРЕГОВОРИ ЗА ЕЛМАС?
Објавено на: 27.07.2025
Приказната на Елиф Елмас и Италија веројатно нема да заврши со неговата позајмица во Торино претходната сезона, бидејќи според Кориере дело Спорт, Рома стапила во контакт со Лајпциг и побарала информации за цената за трансфер на нашиот фудбалски дијамант.
Според италијанскиот спортски весник, Рома сака да се засили на крилната позиција со играч кој може да игра и позади напаѓачите, а во комбинација се Антонио Нуса, кој исто така настапува во Лајпциг и нашиот Елмас. Масара, техничкиот директор на Рома веќе стапил во контакти со Германците, но иако првично „волчицата“ е загреана за Нуса, сепак овој фудбалер ќе чини повеќе, бидејќи Лајпциг бара за него 30 милиони евра.
🟡🔴 Nusa è il grande sogno, l'"italiano" Elmas si candida#ASRoma
▶️ https://t.co/lhyaZzc4AB pic.twitter.com/ULgFaE0DIJ
— laroma24.it (@LAROMA24) July 25, 2025
Од друга страна, нашиот Елмас би чинел нешто помеѓу 15 и 18 милиони евра, што го прави како супер-алтернатива за првичниот план на Рома, а имајќи го предвид неговото искуство во Наполи и Торино, италијанскиот весник пишува дека тимот од „капитале“ може брзо да го договори нашиот најдобар играч.
Лани, на полусезонската позајмица во Торино, настапи на 13 натпревари и постигна 4 гола.