Фудбал

ШВАЈНШТАЈГЕР СЕ РАЗВЕДЕ ПОРАДИ ТАЈНА ВРСКА СО БУГАРКА?

Медиумската бура на социјалните мрежи се создаде откако се обзнани дека Бастијан Швајнтајгер и Ана Ивановиќ не се повеќе заедно, а истата повторно се „вивна“ откако Германецот за прв пат се појави со својата нова девојка.

Постоеја многу шпекулации за новата „љубов“ на поранешниот капитен на Германија и Баерн Минхен, а меѓу „фаворитките“ беше водителката Естер Седлачек, сепак очигледно „Басти“ почитува балканки.

Станува збор за бугарката Силва Капетанова, фитнес модел од нашиот источен сосед. Според медиумите од Германија, Србија и Бугарија, тие двајца се запознале кога ги носеле своите деца на училиште, бидејќи нејзините, но и децата на Басти и Ана Ивановиќ оделе во заедничко училиште. Силва, сега веќе разведена од својот поранешен сопруг кој е наследник на позната бугарска уметничка фамилија, за прв пат се појави во јавноста со своето ново момче, а папараците тоа и го уловија.

Медиумите одат до таму дека имало и вербален „дуел“ помеѓу Силва и Ана пред училиштето во Мајорка, но освен шпекулации затоа се уште нема ни фото, но ни видео доказ.


Бастијан и Силва наводно се фатени на плажа во Грција, а од фотографиите може да се види дека навистина не ја кријат љубовта помеѓу нив.