ДЕСЕТКАТА НА ЈАМАЛ РУШИ РЕКОРДИ ВО ПРОДАЖБА
Објавено на: 20.07.2025
Легендарната десетка на Меси „ќе легне“ на грбот на Ламин Јамал од оваа сезона, а дресот на Барселона руши рекорди во продажбата.
Младиот Шпанец неодамна го обнови договорот со каталонскиот гигант, а како дел од договорот е тој да ја превземе легендарната бројка од Ансу Фати, кој замина во Монако.
По поставување на дресот на онлајн продавницата и во фан шоповите на Барселона, дресот е продаден во рекордни 70.000 копии во првите 24 часа. Според каталонските медиуми, клубот од Каталонија веќе заработил над 10 милиони евра од продажбите, а бидејќи се дистрибуира во повеќе од 170 земји низ светот се очекува да бидат срушени и сите рекорди по вкупна продажба.
Истиот извод наведува дека оваа бројка од 70.000 продадени дресови ги надминала бројките на Меси и Нејмар, кога Бразилецот пристигна во клубот.