НАЈМАСОВНАТА НБА ТЕПАЧКА ДОБИ ДОКУМЕНТАРЕЦ
Објавено на: 11.08.2021
Во пресметката беа вклучени играчи, судии, тренери, службени лица, публика и се живо што можеше да се најде на и околу теренот на тој меч меѓу Индијана и шампионот Детроит, на 19-ти ноември 2004-та година.
Пејсерс водеа со 82:97 на помалку од една минута до крајот, Атрест го фаулира Валас кој потоа го нападна, додека Артест се смируваше на записничката маса беше полиен со пијалок од трибините, а потоа настана општ хаос кој резултира со казна од 146 натпревари меѓу 9 играчи и 11 милиони долари во плати, како и 5 условни затворски казни.
Од гледачите, петмина добија доживотни забрани за влез во арената на Пистонс, а од тој ден беше зголемено обезбедувањето за играчите и намалено дозволеното количество на алкохол на трибините. Натпреварот не се доигра.