Фудбал

ВЕДНАШ ДАЈТЕ МУ ПАСОШ! ГОЛГЕТЕР СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО ГО ПОТОПИ ВАНКУВЕР СО 4 ГОЛА ЗА 12 МИНУТИ (ВИДЕО)

Милан Илоски е американски напаѓач роден во Калифорнија, но има потекло од Македонија од неговите родители, а ноќеска се прослави со неверојатниот настап против Ванкувер Вајткепс со четири фантастични погодоци за тимот на Сан Диего.

Илоски во МЛС лигата настапува како позајмен играч од дански Нортсјеланд, веќе брои 9 погодоци во 12 настапи за Сан Диего со фантастичен учинок од постигнат гол на секои 33 минути.

За четирите гола против Ванкувер му беа потребни само 12 минути, односно голедата му почна во 35-тата минута, а четвртиот гол го постигна во 47-та минута од второто полувреме во победата од 5-3.

Дали фудбалската федерација на Македонија треба да му понуди пасош за да настапува за национален тим кој го води Милевски?