БРАЌАТА ДУЈШЕБАЕВ ГО НАПУШТААТ КЈЕЛЦЕ И ТАТКО ИМ ТАЛАНТ
Објавено на: 23.06.2025
Браќата Алекс и Дени Дујшебаеви по сезоната 2025/26 ќе го напуштат тимот на Кјелце, потврди нивниот татко и тренер на полскиот гигант, Талант Дујшебаев.
„И на двајцата им истекуваат договорите и ќе бараат нови клубови“, изјави Дујшебаев сениор за полските медиуми.
Двократниот европски шампион со Шпанија и европски првак со Вардар, по 8 години среќата ќе ја бара на друго место, со надеж дека ќе стигне до втора титула во ЛШ по многуте неуспешни обиди со Кјелце.
Покрај Алекс и Дени, клубот ќе го напуштат уште двајца поранешни вардарци, Хорхе Македа и Игор Карачиќ, а се очекува тотален ремонт на Кјелце по сезоната која допрва треба да почне.