Фудбал

ОГРОМЕН ПРОПУСТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА СКП: НАВИВАЧИ СЕ ТЕПААТ НА ТРИБИНИ, ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НИКАДЕ ГО НЕМА (ВИДЕО)

Во пресметката меѓу јужноамериканскиот и европскиот шампион славеше Ботафого со минимални 1-0, а резултатот очигледно ги разгневи навивачите на ПСЖ кои предизвикаа немири на трибините за време на дуелот.

Фанови на двете екипи влегоа во физичка пресметка, додека обезбедувањето го нема никаде да реагира и да спречи поголем инцидент. Ова е голем пропуст на организаторите на Светското клупско првенство и дефинитивно ќе наштети на имиџот, а од друга страна работите ќе мора да се подобрат со оглед на тоа дека овој турнир е како тест и загревање за Мундијалот кој идната година исто така ќе се игра во САД, покрај Канада и Мексико.