КОСОПСТВЕНИКОТ НА ЧЕЛСИ И ЛА ДОЏЕРС ЗА РЕКОРДНА СУМА ЈА ОТКУПУВА НАЈПОПУЛАРНАТА НБА-ФРАНШИЗА
Објавено на: 19.06.2025
Семејството Бас, поточно Џини Бас, ќерката на д-р Џери Бас и генерална директорка на ЛА Лејкес, прифати понуда од рекордни 10 милијарди долари за да ја продаде франшизата на на косопственикот на Челси и акционерот на ЛА доџерс, Марк Валтер.
Ова е рекордна продажба на еден клуб во кој било спорт, воедно семејството Бас ќе оствари профит од неверојатни 14.715%, со оглед на тоа дека татко ѝ, легендарниот газда Џери Бас, ја откупи франшизата на Езерџиите за 67,5 милиони долари во 1979 година.
По речиси половина век раководење и креирање на една од најуспешните спортски приказни во историјата, семејството Бас ја предава франшизата на ново сопствеништво кое за цел има да продолжи со одржување на имиџот на најуспешна франшиза во американската кошарка.
Лејкерси имаат 17 титули во НБА и една куп-титула под капата на истата асоцијација, само Бостон селтикс имаат повеќе титули од тимот кој доаѓа од Градот на Ангелите (18).