ДАЛИ ОВА Е ПОСЛЕДНАТА СЕЗОНА НА НОВАК ЃОКОВИЌ?
Објавено на: 07.06.2025
Разликата во години и во форма беше повеќе од евидентна на вчерашниот полуфинален натпревар помеѓу Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ, кој рекетот број еден го доби со убедливи 3:0 во сетови.
По завршување на натпреварот, освен изјава на победникот, организаторот обезбеди и обраќање на Новак Ѓоковиќ од главниот терен на Гренслемот во Париз, а таму, играчот со најмногу освоени титули во историјата на оваа игра можеби го најави своето пензионирање.
Стандардните честитки од едниот до другиот играч не изостануваа, но потоа Новак се осврна на неговата тениска кариера и блиска иднина.
Можеби ова беше мојот последен натпревар на овој терен, не знам, но ако беше така, атмосферата беше неверојатна. Не знам што ќе ми носи следно кариерата, со со сигурност ќе настапам на Вимблдон и Ју-Ес Опен. Можеби мојата најголема шанса за уште еден слем е токму на Вимблдон или во Мелбурн следната година. Она што можам да го кажам е дека сум горд на себе бидејќи не влегов во најдобра форма во турнирот, а стигнав до тука.
Кои се твоите очекувања, кога Ноле ќе каже „доста е“? За потсетување, тој има 38 години, исто онолку колку кога лани Рафаел Надал се повлече од тенисот.