ЗОШТО АЧЕРБИ ИГРАШЕ СО СКИНАТИ КОПАЧКИ ПРОТИВ ПСЖ? (ФОТО)
Објавено на: 02.06.2025
Интер го доживеа најтешкиот пораз во историјата на финалињата на Лигата на шампионите во саботата, кога немилосрдните Парижани во пет наврати ја затресоа мрежата на Сомер без притоа да добијат одговор од италијанскиот гигант. Избраниците на Инзаги како да не се појавија на теренот, беа индиспонирани и надиграни уште од првата минута, а „Алијанц“ арената во Минхен уште еднаш се покажа како среќен стадион за екипите кои бркаат прва европска титула.
Не помогна ниту суеверието на Франческо Ачерби, кој очекуваше дека ќе исцрпи победничка енергија од неговите „среќни“ копачки со кои го постигна победничкиот гол во реваншот против Барселона и им донесе второ финале на Нероаѕурите во последните три сезони.
Наместо како секој друг фудбалер да игра со нова опрема, Ачерби одлучи во финалето да игра со истите копачки од полуфиналниот реванш-дуел, иако десната копачка беше скината кај палецот. Токму ова оштетување на копачката Ачерби го забележа кога го постигна голот против Барса во продолженијата, па мислел дека ќе му донесат среќа и овојпат.
🚨🇮🇹 These are the boots Francesco Acerbi will wear tonight for the final. 👟✅
They are the exact same pair he wore when he scored the famous goal against Barcelona. (@Inter_Xtra) pic.twitter.com/XwaocT52Tr
— EuroFoot (@eurofootcom) May 31, 2025
За жал, суеверието се покажа како еднократно, а неговиот Интер повторно ја испушти толку посакуваната четврта европска титула…