Фудбал

ДАЛИ ИНТЕР ГО ГУБИ КРЕАТОРОТ НА ИГРАТА И ДЕФИНИТИВНО?

Кристијан Ериксен се враќа во Ајакс, затоа што не може да игра во Италија со дефибрилатор. Италијанскиот закон не дозволува здравствени помагала во професионалниот спорт, што значи се додека не му биде отстранет уредот, тој не може да игра за Интер.

Најверојатно, следната станица во кариерата на Данецот е камбек (заем) во неговата прва, ако знаеме дека 29-годишниот Ериксен потекнува од младинската академија на клубот од Амстердам, каде настапуваше се до преминот во Тотенхем во 2013-та година.