Фудбал

САКАШЕ ДА ИСПАДНЕ МАНГУП, НО БРУНО СЕ ИЗБЛАМИРА ЗА СИТЕ ПАРИ (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед во овие моменти игра пријателски натпревар против Хонг Конг во Малезија како дел од пост-сезонската турнеја на Црвените ѓаволи. Откако пред неколку дена тимот на Аморим загуби со 1-0 од комбинираниот Ол стар тим на Азија, во иста незавидна ситуација се наоѓа и сега.

Јунајтед губи со 0-1, а Бруно Фернандес можеше да го израмни резултатот, но сакаше да биде мангуп.

Сосема случајно се најде сам пред голот во зицер-ситуација, па Португалецот наместо со рутинска завршница, шутираше со т.н. рабона удар и го погоди противничкиот голман.