Фудбал

ТАЛЕВСКИ: СРЕЌЕН СУМ ШТО СУМ ДЕЛ ОД ПОБЕДНИЧКИ ВАРДАР

Вардар и Скопје имаат ново момче за високи дострели – Михаил Талевски, кој со двата гола во финалето му донесе трофеј на Вардар во Купот на Македонија, по пауза од 18 години.

Тој биеше на два пати прецизно и ги постигна единствените два гола на натпреварот, со кој условно речено домаќинот го надигра „гостинот“ од Струга.

По натпреварот, најдобриот играч на натпреварот изјави:

Пресреќен сум. Прво зошто играв, второ зошто постигнав два гола и секако поради победата. Пресреќен сум што сум дел од победнички Вардар.

Дали добрите партии ќе му донесат и повик во А репрезентацијата, останува да видиме.