Фудбал

УЕФА ГО МЕНУВА ИМЕТО НА АЛИЈАНЦ АРЕНАТА ЗА ФИНАЛЕТО

Алијанц Арената ќе биде домот на ПСЖ и Интер на 31.05.2025 година, кога двете екипи ќе се сретнат во битка за највредниот европски клупски трофеј.

Сепак, иако баварската фудбалска арена ќе ја има таа чест да ги пречека фудбалерите и фановите на двата тима, правилата си се правила, па така УЕФА на големо веќе се подготвува во ребрендирањето на името кое го носи ова здание.

Како што е познато, никој освен спонзорите на УЕФА и Лигата на шампионите нема право да се рекламира или било како да се прикажува на натпреварите, па во пресрет на финалето, од светлечката фасада се демонтира логото на Алијанц, спонзорот по кој Баерн Минхен го има остапено името за арената. Откако ќе биде изваден целосниот брендинг на Алијанц на Арената, УЕФА само за овој натпревар, стадионот ќе го именува како Минхенска фудбалска арена или на англиски Munich Football Arena.

По завршувањето, Алијанц Арена повторно се враќа во „игра“.

Организаторот пред извесно време најави дека Линкин Парк ќе имаат свој настап пред финалето.