Фудбал

ТОТЕНХЕМ НЕМА ПОБЕДЕНО, А ЈУНАЈТЕД НЕ ЗНАЕ ЗА ПОРАЗ КОГА ИМ СУДИ АРБИТАРОТ КОЈ ЌЕ ЈА ДЕЛИ ПРАВДАТА ВО ФИНАЛЕТО ОД ЛЕ

УЕФА го одбра Феликс Цвајер за главен арбитар кој ќе ја дели правдата меѓу Тотенхем и Манчестер јунајтед во финалето од Лигата на Европа.

Оваа вест немаше да биде интересна доколку не ја истражевме статистиката на финалистите кога германскиот арбитар им судел на европски натпревари. Имено, Тотенхем нема победено, додека Јунајтед не знае за пораз во Европа кога во натпреварите им судел Цвајер.

Лондончани паметат реми од 1-1 против Фиорентина во сезоната 2015/16, но и пораз од Барселона со 2-4 во групната фаза од ЛШ во сезоната 2018/19. Ѓаволите пак, триумфираа против Бенфика и Виљареал, а ремизираа со Ростов и Севиља во европските натпревари на кои им судел Цвајер.

Фановите на двата тима веднаш се огласија на социјалните мрежи дека Цвајер намерно е одреден за главен арбитар, за да биде во корист на Јунајтед, односно Тотенхем да има помали шанси да го освои европскиот трофеј во второто по квалитет континентално клупско натпреварување.

Финалето ќе се игра на „Сан Мамеш“ во Билбао, на 21 мај.