Фудбал

ВО МАДРИД ТРАНСПАРЕНТИ СО „БЛАГОДАРИМЕ, ИНТЕР“ (ВИДЕО)

Интер го доби епскиот реванш со 4-3 против Барселона по 120 минути игра за пласман во ново финале од Лигата на шампионите, второ во последниве три сезони. Нероаѕурите заслужено ќе се борат за трофејот со големите уши, иако и Барса беше егал противник и немаше да биде незаслужено доколку избраниците на Флик се најдеа во финалето.

Сепак, воините на Инзаги го спречија шпанскиот гигант во обидот да освои тројна круна сезонава, а тоа беше доволно за мадридистите да се радуваат на неуспехот на нивниот најголем ривал. Колку навивачите на Реал се среќни што Барселона претрпе елиминација, покажува видеото подолу на кое се гледаат транспаренти поставени на жива ограда, на кои пишува: „Благодариме, Интер“, на италијански јазик.