Кошарка

ШТО РАБОТЕШЕ ЏЕЛАТОТ, ЗА ВРЕМЕ НА ЛОИ?

Американската кошаркарска легенда Винс Картер (44, 198), своевремено заби преку 218 сантиметри високоит Фредерик Ваис, на ЛОИ во 2000-та година во Сиднеј во рамките на мечот во групата. Подоцна, во финалето Американците ги совладаа повторно Французите, но овој момент остана во вечноста, а француските новинари го нарекоа „Забивањето на смртта“ (Le Dunk De La Mort):

На овие ЛОИ, Картер беше во улога на стручен коментатор и сведочеше на новиот триумф на Американците во финалето против Французите, што е 16-то злато за САД, а трето сребро за Франција на овие турнири во меѓусебните финалиња.

Во една ситуација, Дјурант тргна да забива преку Гобер, а Картер не пропушти да го пецне за скоро идентичната ситуација во која се најде Дурантула:

Нема ништо подобро од тоа да видиш како американски бек… не е битно… (сакаше да каже – забива преку француски центар, како тој во Сиднеј)

Винс Картер доби позитивни критики за неговото коментирање на нештата во Токио, затоа што од него можеше изворно да се чујат моменти кои обичниот човек не може да ги види, ниту пак кој било друг кој се занимава со кошарка „од другата страна“. Згора на тоа, имаше и досетки који никој друг не може да ги каже, освен поранешен кошаркар:

„Имавме Магзи Богс (56, 160) правило. Ако не го гледате на теренот, соберете ја во рацете затоа што тоа значи дека веќе е зад вас и ви ја краде топката.“