ПСЖ ЈА ЗАКАЖА АЈФЕЛОВАТА КУЛА
Објавено на: 06.08.2021
Како што јавуваат француските медиуми, ПСЖ ја закажал Ајфеловата кула во Париз за прослава на 10 Август. Причините за „закупувањето“ се уште не се познати, но повеќе од очигледно е која би била целта.
Информацијата ја сподели Хозе Алварез, водител и новинар од каталонската El ChiringuitoTv. Последен пат кога ПСЖ ја има закупено Ајфеловата кула е пред 5 години кога на маестрален начин на нејзе го обзнани доаѓањето на Нејмар во тимот.
Многу медиуми го сместуваат Францускиот тим во пол позиција за ангажирањето на Меси, според кои Аргентинецот ќе добие 40 милиони евра годишно како плата.
Сагата започна вчера, но се очекува многу брзо да го дознаеме следниот клуб на Меси.