КЛИВЛЕНД ЗА ДВА КОША НЕ УСПЕА ДА ИСПИШЕ ИСТОРИЈА ВО МЕТЛАТА НАД МАЈАМИ (ВИДЕО)
Објавено на: 29.04.2025
Кливленд кавалирс се пласираа во следната рунда од плејофот откако славеа со 4-0 во серијата против Мајами хит, а ноќеска метлата над Жешките за малку ќе беше историска.
Кавси триумфираа со огромни 138:83, а разликата од 55 поени е четврта најголема во историјата на НБА кога станува збор за плејоф-натпревари.
Само два коша недостасуваа за нов апсолутен рекорд, односно да се надминат рекордните победи на Минеаполис и Денвер против Сент Луис, односно Њу Орлеанс, со 58 поени разлика поставени во 1956, односно во 2009 година. Втората највисока разлика ја држат Лејкерси против Голден стејт, 56 поени предност во плејоф-меч во одигран во 1973 година.
Кливленд реално можеше да го урне рекордот бидејќи при 55 поени предност имаше уште 38 секунди до финишот на средбата, но избраниците на Еткинсон престанаа да напаѓаат.