Кошарка

ГАЗДАТА НА ПАО РАСПАЛИ ПО ЕВРОЛИГАТА: ОДИМЕ ВО НБА ИЛИ ФИБА! (ВИДЕО)

Димитрис Јанакопулос, првиот човек на Панатинаикос, не можеше да го прифати фактот што Анадолу вчера стигна до брејк среде Атина во четвртфиналната серија против актуелниот европски првак.

Обраќајќи се преку својот Инстаграм профил, Јанакопулос распали по Евролигата поради надовно неприфатливи судиски одлуки кои вчера го решија дуелот при конечни 76:79. Јанакопулос се закани дека нема да потпише нов договор со Евролигата и ќе го одведе ПАО во НБА или натпреварувањата на ФИБА.

„Радошевиќ, Белошевиќ, Јавор, Пукл, Николиќ, Хордов… Сите вие, сите јас лично ќе ве уништам. Го направив тоа лани и ќе го направам повторно годинава. Навистина не разбирам, како може клуб како Реал Мадрид со толку многу историја и најмногу титули во Евролигата да трпи такво третирање? Зарем прифаќаат така да се третирани? Браво Дејан, браво! Замолувам некој да ми објасни зошто Саша Пукл судеше толку многу натпревари на Олимпијакос сезонава? Проверете ја статистиката, дури и глупавите луѓе ќе разберат. Крајно време е да се разбудите, веќе 15 години истово се случува. Не ме интересираат вашите казни, може да ме казнувате колку сакате затоа што не ме поднесувате. Но, не можете да ги казните Атаман, Слукас, не можете да го казните Хуанчо, затоа што тие ќе дојдат и ќе ве е*ат сите заедно. Го сакате мојот потпис за следните 10 години? Еве ви го мојот е*ан потпис! Играјте си сами во Евролигата, ние одиме во НБА или во ФИБА“, распали нервозниот Димитрис.