МЕЃУ ШАМПИОНИТЕ ИЛИ КАМБЕК ВО РОДНИОТ ГРАД? НА ПОВИДОК ТРАНСФЕР ШТО ЌЕ ГО ЗДРМА ОСТРОВОТ
Објавено на: 25.04.2025
Сезоната во Премиер лигата е на самиот крај, шампионот е познат и се чека потврда викендов, Ливерпул е на прагот по 20-ти пат да застане на фудбалскиот трон во Англија.
Овој период исто така се отпочнуваат плановите за пазарење во текот на летниот преоден рок, а англиските медиуми најавуваат војна меѓу два гиганти кои ќе се обидат да го здрмаат Островот со сензационален транфер.
Имено, Кол Палмер е мета на Ливерпул и на Манчестер сити, во кого гледаат лидер на новата генерација на англискиот фудбал. Фактот што Црвените ја освојуваат титулата без притоа да потрошат пари минатото лето и во јануари, им остава простор да вложат голем дел од средствата на играч со квалитет на светска класа.
Сити пак, се чини дека се покаја што го продаде Палмер пред две години, особено сега откако на Пеп му заминува Кевн Де Брујне. Палмер би бил неговата идеална замена, а Граѓаните се надеваат дека токму неговото потекло од Манчестер и фактот Палмер матурираше во Сити, ќе биде доволна причина за да се врати на „Етихад“.
Ако се прашува Челси, нормално дека Палмер не се продава за ниедна цена, иако момемнтално формата му е опадната, не се заборава како лани експлодира во синиот дрес. Сепак, збор има и самиот фудбалер, па доколку стигне конкретна понуда за него во Лондон, ситуацијата ќе се разгледува.
Цифри засега не се спомнуваат, но јасно дека најмалку 100 милиони фунти ќе бидат потребни за Челси воопшто да се согласи на евентуална продажба, а нема да биде чудо доколку бараат повеќе.