ВАЛКАНАТА ТАКТИКА НА СИТИ, ДА ГО ДОВЕДЕ ХАРИ КЕЈН
Објавено на: 03.08.2021
Првиот оперативец на Тотенхем е згрозен од начинот на кој премиерлигашкиот ривал се обидува да го намами најактуелниот англиски фудбалер, во своите редови.
Прво беше закажано интервју со Гери Невил за Скај Спортс, потоа излезе на виделина приказната за понудата од 160 милиони фунти, па потоа Кејн не се појави во тренинг-центарот на нашиот клуб. – се зборовите на Даниел Леви, кои ги пренесуваат англиските медиуми.
Ќе успеее ли Гвардиола да доведе уште едно мегазасилување кое ќе ги чини ново богатство сопствениците на Сити, или Леви ќе успее да ја задржи „најбараната роба“ во моментов?