БРАЗИЛСКА ОДБОЈКАРКА АКТИВНО ИГРА ВО ШЕСТИОТ МЕСЕЦ ОД БРЕМЕНОСТА! (ФОТО)
Објавено на: 15.04.2025
Присила Хелдес, одбојкарката на женскиот тим на Флуминенсе, ги освојува симпатиите во спортскиот свет по одлуката да остане активна на одбојкарските терени и покрај тоа што е бремена.
Хелдес пред неколку дена се појави на теренот со веќе оформен стомак и јасно се познава дека носи живот во неа. Присила во својата 33-та година од животот чека машко дете, а одлуката да игра и покрај тоа што е бремена, е поддржана и од нејзините доктори кои ја следат бременоста.

Терминот за породување ѝ е во јули, а ќе игра сè додека се чувствува способна, како што веќе изјави за бразилските медиуми. Жените од целиот свет ја поздравуваат нејзината храброст и посветеност кон професијата, станувајќи гласник на женската сила и детерминација.