Фудбал

ГОЛМАНОТ НА ТИГРЕС УШТЕ ШТО НЕ ФРЛИ МАГИЈА ЗА ДА ГО СПРЕЧИ РАМОС ДА НЕ ПОСТИГНЕ ГОЛ ОД ПЕНАЛ (ВИДЕО)

Серхио Рамос помина многу во својата богата кариера, но за првпат се сретна со голман кој се обиде да му го одбрани пеналот свртен со грбот.

На дуелот меѓу Тигрес и Монтереј во мексиканското првенство се случи несекојдневна ситуација, кога гостите добија прилика да постигнат гол од белата точка, кој го реализира искусниот шпански стопер. Она што беше зачудувачки е што голманот Нехуел Гузман правеше разноразни егзибиции за да го деконцентрира Рамос.

Прво му го сврте грбот, па се растрчуваше од дирек до дирек, а потоа пак застана на линијата обратно. Рамос само се насмевна, се намести и ја затресе мрежата за 1-0 во корист на Монтереј.