Фудбал

ХАОС СО ТРАГИЧЕН КРАЈ ВО УРУГВАЈ НА МЕЧ ОД КОПА ЛИБЕРТАДОРЕС (ВИДЕО)

Голем инцидент се случи ноќеска во дуелот меѓу Коло Коло и Форталеза, откако двајца навивачи ги загубија животите во стампедо предизвикано од навивачите.

Наводно, загинаа 18-годишна девојка и 13-годишно момче откако се урна оградата на еден дел од трибините, по што настана општ хаос, а откако набрзо се пренесе трагичната вест, натпреварот беше прекинат во 72-та минута при резултат од 0-0.