Фудбал

ЕДНИОТ ПОТПИША, ВТОРИОТ НАСКОРО, ОСТАНУВА ЛОКАЛНИОТ МИЛЕНИК ДА СЕ ИЗЈАСНИ

Ливерпул утрово го потврди продолжувањето на договорот со Мохамед Салах за огромна радост на фановите на Црвените. Финишот на сезоната во кој Ливерпул ќе ја слави титулата во Премиер лигата ќе биде уште позабавна бидејќи популарниот Фараон уште барем две сезони ќе го носи црвениот дрес, а се очекува уште еден голем потпис на „Енфилд“.

Наводно преговорите со Вирџил Ван Дајк исто така се во завршна фаза, наскоро и таа соработка ќе биде обновена и официјализирана, но останува неизвесноста околу иднината на Трент Александер-Арнолд.

Навивачите веќе го критикуваа по информациите дека англискиот бек ќе ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, иако од негова страна нема соопштено никаква одлука. Ексклузивните најави на британските медиуми, како и добро информираниот Фабрицио Романо, го направија локалниот миленик во непријател број 1, иако поеднинечни фанови се надеваат дека ќе се случи некаков пресврт во последен момент.

Веројатно се чека крајот на сезоната за да се потврдат сите гласини, што е логично со оглед на тоа дека екипата на Арне Слот е фокусирана да ја запечати титулата во Англија.