КАКО ИЗГЛЕДА КОГА СТАДИОНОТ Е ОКУПИРАН ОД 25 ИЛЈАДИ ГОСТИНСКИ НАВИВАЧИ (ВИДЕО)
Објавено на: 11.03.2025
Фановите на Шалке 04 уште еднаш покажаа дека љубовта кон клубот е на прво место, без разлика каде игра и во која лига се натпреварува. Паднатиот германски гигант кој моментално е во Цвајте, ги има можеби најверните навивачи, потврдува видеото подолу.
За вчерашниот дуел против Херта кој се одигра во рамките на 25-тото коло, дури 25 илјади фанови допатуваа во Берлин да го поддржат својот тим, небаре исполнувајќи речиси половина од капацитетот на Олимпискиот стадион.
Дека огромното присуство на гостински фанови имаше ефект, потврдува и резултатот од 2-1 со кој Шалке освои нови три бода за сигурен исчекор до опстанок во втората германска лига.