Фудбал

МОТА НА ИЗЛЕЗНА ВРАТА ПО ДЕБАКЛОТ: ХРВАТ ЌЕ ГО ГАСИ ПОЖАРОТ, УПРАВАТА БИРА МЕЃУ ТРИ ДОЛГОРОЧНИ РЕШЕНИЈА

Се чини дека раководството на Јувентус повеќе нема доверба во Тијаго Мота и веќе му се подготвува отказ, пишуваат италијанските медиуми.

Според информациите, Мота може да биде разрешен пред крајот на сезоната, а како пожарникар кој ќе го гаси пожарот се истакна хрватскиот стратег Игор Тудор. Тој би бил привремено решение доколку екстренерот на Болоња не остане на клупата, додека управата бира меѓу тројца италијански стратези со кои би почнале нова ера во клубот од следната сезона.

Првата и најголема желба на управата е воедно и најтешка мисија за ангажман. Јувентус го посакува Антонио Конте во потенцијално сензационален камбек, но тренерот на Наполи очигледно ужива во Неапол и води тим со кој се трка за Скудетото сезонава.

Останатите две опции се Роберто де Ѕерби од Марсеј, кој исто така има успешна сезона во Франција и е на пат да го врати францускиот гигант во Лигата на шампионите, како и Џанпјеро Гасперини. Човекот кој вчера го изрежира дебаклот на Бјанконерите среде Торино е третата опција, но искусниот стратег тешко дека ќе ја напушти Божицата за ривал од Серија А.

Губењето на трпението со Мота е поради фактот што Јуве вчера доживеа историски пораз, прв од 1967 година кога црно-белите загубија дома со 0-4 од градскиот ривал Торино во лигашки дуел. Испаѓањето од Лигата на шампионите во првата нокаут-рунда, како и елиминацијата од Емполи во четвртфиналето од италијанскиот Куп, но и неуспехот да се бори за титулата на Чизмата.