ЛИВЕРПУЛ ИТА КОН ТИТУЛАТА, НО КЈЕЗА НЕМА ДА ДОБИЕ ШАМПИОНСКИ МЕДАЛ?
Објавено на: 03.03.2025
Ливерпул е на 10 натпревари од титулата во Премиер лигата и според моменталната бодовна состојба, тимот на Слот ќе ја обезбеди неколку кола порано. Црвените имаат 13 бода предност во однос на Арсенал, но и натпревар повеќе, па се чека само и математички да се обезбеди 20-тата лигашка титула во историјата на гигантот од Мерсисајд.
Лигата за секој шампион подготвува околу 40 медаљи, како за играчите така и за целиот стручен штаб, но засега еден играч на Ливерпул не ги исполнува условите да се закити со одличје.
Тоа е Федерико Кјеза, кој во текот на сезоната запиша само три настапи во Премиер лигата, а условот за да добие медал е минимум петпати да заигра во лигашки натпревари. Со оглед на тоа дека Ливерпул има уште 10 натпревари за одигрување, веројатно Кјеза ќе добие шанса да го исполни условот. Сепак, неговата дебитантска сезона не се одвива како што посакуваше.
Кјеза од самото доаѓање на „Енфилд“ се мачи со повреди, а почесто на теренот истрчуваше во куп-дуели, како и трипати во Лигата на шампионите. Ексѕвездата на Јувентус воедно и го чека својот лигашки првенец, бидејќи единствениот постигнат гол за Ливерпул го запиша во третото коло од ФА купот против Акрингтон.
Дали ќе добие медал, ќе се дознае во наредниот период, а би било вистинска штета доколку неговиот тим стане шампион, а Кјеза не добие одличје кое ќе го памети како голем успех во кариерата.