СЛЕДИШ ЛИ, МАКС? ХАМИЛТОН НАЈБРЗ НА ТЕСТОВИТЕ ВО БАХРЕИН (ВИДЕО)
Објавено на: 27.02.2025
Подготовките во Бахреин во пресрет на новата сезона засега се во знакот на Ферари и Луис Хамилтон.
Новиот возач на италијанскиот тим возеше многу подобро во однос на првиот тест, поставувајќи време од 1.29,379 минути, истакнувајќи се како најбрз пред останатите возачи. Зад него е пилотот на Мерцедес, Џорџ Расел со три стотинки заостаток, додека Сајнц во болидот на Вилијамс доцнеше 10 стотинки зад Расел.
.@LewisHamilton racking up the laps in the morning session 👌 pic.twitter.com/G6xNwHr44M
— Scuderia Ferrari HP (@ScuderiaFerrari) February 27, 2025
Верстапен допрва треба да се приклучи на подготовките, кои со сигурност будно ги следи, особено Хамилтон кој сега во црвениот болид ќе му биде главен ривал за светската титула.
Новата сезона во Формула 1 почнува викендот меѓу 14 и 16 март, а првата трка ќе се вози во Мелбурн за големата награда на Австралија.