НА АНГЕ МУ СЕ ГЛЕДА КРАЈОТ, ТОТЕНХЕМ ВЕЌЕ МУ НАЈДЕ ЗАМЕНА
Објавено на: 19.02.2025
Управата на Тотенхем полека го губи трпението со Анге Постекоглу и веќе се разгледуваат опции за негова замена. Таа се крие во стручниот штаб на Борнмут, односно во ликот и делото на Андони Ираола.
Предводникот на Црешите прави чуда со екипата од југозападниот дел од Англија оваа сезона. Борнмут е во битка за топ 4 во првенството, нешто што никој не очекуваше пред почетокот на сезоната, а уште поимпресивен е фактот дека Црешите играат атрактивен фудбал и победија неколку гиганти досега.
Поради тоа, Ираола делува за идеален наследник на Постекоглу, кој со својата ризична стратегија претрпе доста разочарувачки резултати, покрај огромните проблеми со повреди на неговите фудбалери.
Австралискиот стратег кој најави дека обично во втората сезона од клубовите кои ги водел освојува барем еден трофеј, многу веројатно ќе биде разрешен по крајот на сезоната, а можеби и порано доколку Тотенхем не го освои единствениот трофеј за кој остана во конкуренција, а тоа е Лигата на Европа.