Фудбал

БЕЛИНГЕМ МОЖЕ ДА ДОБИЕ СУСПЕНЗИЈА ОД 12 НАТПРЕВАРИ?!

Џуд Белингем може да претрпе најстрога можна казна и да ги пропушти поголемиот дел од преостаните 14 кола кои треба да се доиграат во Ла Лига.

Англискиот играч за врска на Реал Мадрид во саботата заработи директен црвен картон во мечот против Осасуна, откако судијата Хосе Монуера го исклучи поради што сметаше дека Белингем го опцу со „е*и се“. Според правилникот на шпанската дисциплинска комисија, навреда кон арбитар, особено пцуење, се казнува со 4 до 12 меча суспензија.

Во најдобро сценарио за Џуд, ќе ги пропушти следните три лигашки дуели на Кралевите против Жирона, Бетис и Рајо, како и првиот полуфинален дуел против Сосиедад во Купот, но има шанси да добие максимална суспензија доколку се докаже дека упати навреди директно кон Монуера.

Белингем, Анчелоти и останатите соиграчи по мечот демантираа дека кажал „е*и се“, туку рекол „оде*и“, и дека судијата не разбирал англиски јазик доволно добро и помислил дека го пцуе.

Случајот уште се истражува, од Реал тврдат дека на снимките јасно се приметува дека Белингем не го пцуе директно Монуера, но целата ситуација никако не е во прилог ниту за Белингем, а ниту за актуелниот европски и шпански шампион.