Фудбал

ЗА ГАЛЕБИТЕ НЕ ВАЖИ „ПАРАТА БУШИ КАДЕ ШТО БУРГИЈАТА НЕ МОЖЕ“

Брајтон изминативе неколку сезони се покажа како клуб кој не се откажува лесно од своите ѕвезди, а ако веќе мора да пуштат играч, наплаќаат „дебело“.

Овојпат, на Галебите не им беше дојдено до парите, па без око да им трепне одбија 90+5 милиони евра понуда од Ал-Наср за услугите на Каору Митома. Јапонскиот крилен офанзивец воопшто не се потресе што нема да ги наполни џебовите со арапски пари, бидејќи очигледно поважно му е да игра во најатрактивната лига во светот.

Па така, Митома останува во Брајтон до крајот на оваа сезона, не доби зелено светло за трансфер во последниот ден од јануарскиот преоден рок, а за овој премиерлигаш, не важи познатата изрека „парата буши каде што бургијата не може“.