Фудбал

СЕ ПРОШИРИ АНГЛИСКАТА КОЛОНИЈА ВО МИЛАН

Кајл Вокер по седум и пол години го напушта Манчестер сити и тргнува во нова авантура како член на италијанскиот гигант Милан.

Росонерите се договорија со актуелниот европски првак на позајмица до крајот на сезоната, а на лето Милан ќе може да го откупи договорот на Вокер за сума од 5 милиони евра, а воедно би се активирала опцијата за англискиот десен бек да остане на „Сан Сиро“ до јуни 2027 година.

Платата на Вокер ќе ја подмируваат двата клуба, а искусниот репрезентативец на Гордиот Албион ќе биде четвртиот Англичанец во составот кој го предводи Консеисао, по Томори, Лофтус-Чик и Ејбрахам.

Вокер за Сити одигра над 300 натпревари и освои сѐ што можеше да се освои на клупско ниво.