Фудбал

САГАТА ЗА САНЧО ЗАВРШИ, А ТОЈ ОТПОЗДРАВИ

Најскапото и најзвучно засилување за Јунајтед летово, е Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд. Од Ватфорд и Сити во младинските категории, преку Борусија 2 и првата екипа, англискиот репрезентативец слета на Олд Трафорд.

Крилниот играч има 21-на година, за 4 сезони во Дортмунд постигна 50 гола зачинети со 64 асистенции. Фудбал игра од седумгодишна возраст, што значи веќе има 14 години искуство во врвни екипи за возраста на која играл за нив.