Фудбал

ПОСЛЕДНИОТ ТАНЦ НА МСН?

Нејмар е слободен да преговара со други клубови знаејќи дека договорот со Ал Хилал му истекува во јуни годинава. Американски франшизи веќе покажаа интерес за потписот на ексѕвездата на Барселона и ПСЖ, а меѓу нив е и Интер Мајами.

Дејвид Бекам, еден од газдите на МЛС клубот, има идеја повторно да ги спои Меси, Суарес и Нејмар. Триото кое во боите на Барселона беше страв и трепет во доба дел од минатата деценија. Заедно беа носители на Барса кон тројната круна во сезоната 2014/15, а освоија уште многу трофеи потоа.

Сепак, Мајами има конкуренција од Чикаго фајр, како и уште два клуба кои засега не се познати. Доколку Нејмар се одлучи да оди во Мајами, каде што покрај Меси и Суарес уште се и Бускетс, Алба, тимот од Флорида дефинитивно ќе го има најквалитетниот напад во САД.