Кошарка

КАКО ИЗГЛЕДА КОГА ЕДЕН ОД НАЈВИСОКИТЕ КОШАРКАРИ ВО НБА Е ЗАЛЕПЕН НА ПОСТЕР (ВИДЕО)

Жа Морант отсекогаш ги истакнувал своите физички атрибути, пред сѐ големиот одраз и забивања на атрактивен начин.

Овојпат негова „жртва“ беше Виктор Вембењама, 221 сантиметри високиот центар на Сан Антонио спарс, кој ретко дозволува да му се случи тоа што му направи Морант.

Бекот на Мемфис е висок 188 сантиметри, далеку понизок од францускиот џин, меѓутоа тоа не го спречи да го направи најдобриот потег на вечерва во НБА.