АМОРИМ РАСПРОДАВА „ТРУПЦИ“ ЗА ДА НАПРАВИ МЕСТО ЗА ЃОКЕРЕШ
Објавено на: 02.01.2025
Рубен Аморим набрзо по доаѓањето во Манчестер јунајтед истакна дека нема да откупува играчи од неговиот поранешен клуб Спортинг, но се чини дека ќе го прекрши зборот поради шведскиот напаѓач.
Имено, Црвените ѓаволи во јануарскиот преоден рок ќе се обидат да го осигураат потписот на Виктор Ѓокереш, чија откупна клаузула е 80 милиони фунти. Парите не се проблем, туку дали Спортинг воопшто сака да го пушти најдобриот голгетер во 2024 година да замине на полусезона.
Од друга страна, Аморим има тешка задача да се ослободи од вишокот играчи, односно оние кои не се компатибилни со неговиот систем на игра. Па така, на трансфер-листата се најдоа: Каземиро, Линделоф, Ериксен… А, сѐ погласни се шпекуалциите дека тука е и крајот на Маркус Рашфорд, како и на промашената летна аквизиција, Џошуа Зиркзе.