Фудбал

ИГРАЧИТЕ НА ЈУВЕНТУС БЕА „ПЕЕНИ“ ОД УЛТРАСИТЕ

Кога на некој од големите тимови не му оди добро, највжештените навивачите секогаш ги постројуваат пред трибината на „пеење“.

Истата судбина ја имаа и бјанконерите, кои вчера беа да ти отпоздрават ултрасите по срамните 2:2 во кои се спасуваа од пораз во судиското продолжение. Но наместо аплауз, добија порака да се соберат сите пред нив, за да разменат вербално неколку пораки.

Јувентус ја започна сезоната со големи амбиции, откако Тијаго Мота ја превзема клупата, а беа донесени и неколку звучни засилувања. Но наместо борба за врвот, тие заостануваат 9 бода зад Аталанта која е водечка во Италија по 16 одиграни кола.