Фудбал

ШТО МУ НАПРАВИ СИТИ НА ГВАРДИОЛА? НЕ СПИЕ, НЕМА АПЕТИТ…

Кошмарот на Манчестер сити и Пеп Гвардиола продолжи и оваа недела, кога Граѓаните загубија уште еден натпревар во Лигата на шампионите.

Јувентус со 2-0 го доби дербито на вечерта во средата, што беше седми пораз за Сити на последните 10 меча во сите натпреварувања, останувајќи само на еден триумф и со две ремија.

Шпанскиот стратег откри дека оваа форма на неговата екипа го доведе во лоша здравствена состојба, небаре падна во депресија.

„Секако дека понекогаш се чувствувам како да го губам разумот. Лошо спијам и потешко ми се вари храната што ја внесувам. Во такви моменти морам да јадам полесна храна, моментално јадам само супа навечер. Но, и натаму сум истиот тренер кој ја освои Премиер лигата пред неколку месеци“, истакна Пеп за англиските медиуми.

Апетитот можеби ќе му се врати доколку Сити викендов го добие градското дерби против Манчестер јунајтед.